Македонските ракометари запишаа прва победа на Мундијалот и пласман во втората фаза

Ракометната репрезентација на С.Македонија конечно успеа да го запише првиот триумф на Мундијалот во Египет, со победата над селекцијата на Чиле со резултат 32:29.

По ваквиот епилог, С.Македонија покрај првиот триумф, успеа да се провлече на стаклени нозе и до втората фаза на Мундијалот, каде нашата група Г, односно селекциите на Египет, Шведска и нашата репрезентација ќе вкрстат со групата во која првите три места ги заземаат репрезентациите на Словенија, Русија и Белорусија.

Македонското кормило ќе продолжи да се бори на Мундијалот, а за конечниот резултат, се уште има време, бидејќи ни претстои уште ракомет.

Слични содржини