Македонските шахисти се искачија на 25. место во светот по шест кола на Олимпијадата во Унгарија

од Milan1
438 прегледи

Македонската шаховска репрезентација забележа убедлива победа со 4:0 над Хонг Конг во 6. коло на Олимпијадата во Будимпешта. По вчерашниот убедлив триумф, Македонија има биланс од четири победи и два пораза и се наоѓа на високото 25. место во конкуренција на 197 држави.

Следен противник на македонската репрезентација е Швајцарија.

На женскиот турнир од Олимпијадата, македонската репрезентација е 83-то пласирана. Нашиет шахистки во следното коло ќе се соочат со репрезентативкиет на Тринидад и Тобаго.

Во двете конкуренции лидер на на табелите се репрезентативците на Индија со максимални шест победи.

Слични содржини