Македонците не изгубија ништо со употребата на албанскиот јазик, вели Груби

од Nikola Popovski
116 прегледи

Од употребата на албанскиот јазик, како придобивка од Охридскиот рамковен договор не изгуби никој, најмалку изгубија Македонците, изјави денеска првиот вицепремеир и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

-Донесувањето на законот за употреба на јазиците и основање на институцијата за негова имплементација, Агенцијата за спроведување на јазиците, беа процесите кои го заокружија нормативниот дел од Охридскиот договор. Денес, во рамки на организацијата за одбележување на 20-годишнината од Охридскиот договор, Агенцијата за спроведување на јазиците докажува професионална посветеност на зајакнување на кадровичкиот капацитет на институциите во земјата и унапредување на стручното знаење на вработените со делење на 65 сертификати преведувачи на државни институции кои успешно ја завршија обуката за превод и предавање на албански јазик, информира Груби.

Тој, на денешниот настан, нагласи дека употребата на албанскиот јазик е еден од столбовите на Охридскиот договор.

-Се добија многу полојални заедници, многу полојални граѓани затоа што колку е полојална државата кон граѓаните и заедниците, додаде Груби.

Слични содржини