Имаме потврда од Бугарија, која претходно разговараше со хрватскиот министер за можноста за приклучување кон овој трипартитен договор, изјави косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедончи за „ТРТ Балкан“.
Маќедончи тврди дека Бугарија е подготвена да се приклучи на воениот договор што неодамна го потпишаа Албанија, Косово и Хрватска.
Додаде и дека очекува кон овој договор да се приклучат и други земји од регионот.
„Имаме потврда од Бугарија, која претходно разговараше со хрватскиот министер за можноста за приклучување кон овој трилатерален договор, но јас целосно верувам дека и другите земји од регионот, особено оние кои споделуваат заеднички вредности со нас и, се разбира, заеднички интереси затоа што вредностите сами по себе не се доволни ќе се приклучат на овој договор, односно на оваа декларација, која нагласувам секогаш цели кон мир, стабилност и безбедност“, рече министерот Маќедончи.
На 18 март во Тирана беше потпишан трилатерален меморандум од областа на одбраната меѓу министерствата за одбрана на Албанија, Косово и Хрватска.