Маќедонци за „Еуроњуз Албаниа“: Изгледаше како терористички напад, но беше план за окупација на севено Косово

од Radmila Tasevska
272 прегледи

Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, изјави дека Владата на Косово обезбедила докази и факти кои докажуваат дека она што се случи минатата недела, на 24 септември, во Бањска е добро организиран воен план за окупација на дел од територијата на северот на Косово.

Маќедонци вели дека она што првично се сметаше за терористички напад се покажа како воен план кој постепено ќе го спроведуваат паравоените единици директно потпомогнати од српската држава и војска.

– На почетокот изгледаше како терористички напад, но по пронаоѓањето на оружјето и документите, се испостави дека се работи за вистински воен план кој требаше да го спроведат паравоените единици потпомогнати од српската држава. Плановите што ги пронајдовме имаат целосно воено технички знаци, оружјето требаше да трае подолго, да се бранат со крајна цел освојување на дел од северот на Косово, изјви Маќедонци за „Еуроњуз Албаниа“.

Тие оружја, според косовскиот министер за одбрана, ги користат различни армии и сите се произведени во Република Србија

– Тоа не се оружја што се продаваат на поединци, туку се наменети за војската и потребно е државно одобрение за нивна продажба. Според тоа, јасно е дека српската војска ги спонзорира и им помогна во целата операција, рече Маќедонци.

На 24 септември, вооружена група ја нападна косовската полиција во Бањска кај Звечане, при што беше убиен еден полицаец и ранети двајца други. Во судирот со полицијата, кој уследи потоа, загинаа тројца од напаѓачите. Остнатите неколку десетици побегнаа и, според косовските власти, се засолнија на територијата на Србија.

Слични содржини