„Макпетрол” останува овластен дистрибутер на „Хонда” во земјава

од Vladimir Zorba
307 прегледи

Целосно неточни се информациите дека јапонскиот бренд „Хонда” нема да биде застапуван од „Макпетрол“, реагираат од компанијата.

Компанијата ја демантира веста со наслов: „Макпетрол” повеќе не е застапник на „Хонда”, јапонскиот бренд во земјава ќе го претставува „Хонда Ауто центар”, објавена на некои медиуми на 03.06.2022 г. Во веста се тврди дека „Макпетрол АД” нема повеќе да биде „претставник на Хонда во земјава”, односно дека „нов претставник ќе биде „Хонда Ауто центар”.

Компанијата ги информира своите клиенти дека „Хонда Ауто центар” како правен субјект не постои во Македонија.

Исто така, информираме дека, како и досега, „Макпетрол” останува овластен дистрибутер на „Хонда” (HONDA Motor Co Limited), додека „Ауто Трејд Скопје” е единствен официјален 3S (Sales, Service & Spare Parts) дилер на територијата на Република Македонија, се додава во реакцијата.

Слични содржини