Во своето гостување во Студио 10, директорот на „Пошта на С.Македонија“, Јани Макрадули посочи дека она што најмногу веројатно во последен период им фалеше на луѓето беа ниските провизии во Пошта, одошто во банка каде провизијата е повисока. Па оттаму, посочи и дека очекува се да се одвива непречено од 1. март следната година.
„Она што најмногу фали кај луѓето е пошта има најмала провизија, банките имаат поголема провизија. Повозрасните сакаат да платат во пошта, се надевам дека од 1 март ќе се вратиме во кондицијата што ја имавме. Мислам дека задачата е да се подигне капацитетот на компанијата, да воведуваме нови услуги. Да покажеме финансиска стабилноста. Подигнувањето на капацитетот е задача наша која не зависи од продажбата. Ковид периодот причини штети секаде во светот. Има акумулиран минус од 10 милиони евра што се влече со години. Има покрупни услуги кои ги имаме извршено, а останале неплатени со одлука на Собрание. 2,4 милиони евра должат јавни претпријатија, `Пошта` е во загуба само од две одлуки. Собранието ги поништило одлуките. Пошта губи бизни од 400.000 сметки и за Радиодифузна такса“, истакна Макрадули.