Францускиот претседател Емануел Макрон пред посетата на Москва изјави дека е невозможно да се нормализира меѓународната ситуација без дијалог со Русија.
„Сега е неопходно да се намалат тензиите преку дијалог, за да се избегне вооружен конфликт“, рече Макрон во интервју за неделникот „Журнал ду диманш“, пренесе ТАСС.
– Претходниот период го потврди тоа, кога одлучивме дека нема дијалог, што беше избор на Европејците минатата година, додека (германската) канцеларка (Ангела) Меркел и јас го предложивме самитот ЕУ-Русија, не можеме да решиме никаков конфликт. Затоа што дозволуваме другите да зборуваат во наше име и не можеме да придонесеме за нашата колективна безбедност – изјави Макрон за францускиот весник.