Макрон без симптоми, може да излезе од самоизолација

од Nikola Popovski
177 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон веќе не покажува симптоми на Ковид-19, соопшти денеска Елисејската палата.

Макрон сега може да стави крај на карантинот откако седум дена беше во самоизолација во претседателската резиденција, пренесува Ројтерс.

Францускиот претседател минатата недела доби позитивен тест на коронавирус.