Макрон: Дијалогот со Русија е неопходен за стабилноста на Европа

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, оцени денеска во Брисел дека дијалогот на ЕУ со Русија е неопходен за стабилноста на европскиот континент, но исто така истакна дека ЕУ не се откажува од своите вредности и интереси во дијалогот со Москва.

– Мора да имаме европска координација, единство и дефинирани принципи во дијалогот со Русија – рече Макрон во Брисел, каде учествува на самитот на ЕУ.

Претседателот на Франција додаде дека постојат услови за подобри односи меѓу ЕУ и Русија, како што е прашањето за Украина и рече дека ЕУ не треба само да реагира на однесувањето на Русија „од случај до случај“.