Макрон: Франција ќе ѝ помогне на Украина да ја преброди зимата

од Nikola Popovski
129 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Франција ќе ѝ помогне на Украина да ја преброди зимата, како и да ја поправи енергетската и водоводна инфраструктура оштетена од руските напади.

Францускиот лидер нагласи дека целта на билатералната конференција закажана за 12 декември ќе биде уште поголема поддршка на француските компании за Украина.

Франција исто така најави дека ќе учествува во зајакнувањето на украинската противвоздушна одбрана, пренесува Ројтерс.

Слични содржини