35
Франција ќе ја признае државата Палестина во септември на Генералното собрание на ОН, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој објави на својот Твитер профил писмо што му го испратил на претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, потврдувајќи ја намерата на Франција да стане првата западна сила што ќе ја признае државата Палестина, пренесува Танјуг.
„Францускиот народ сака мир на Блискиот Исток, од нас, Французите, зависи да покажеме, заедно со Израелците, Палестинците и нашите европски и меѓународни партнери, дека тоа е можно“, напиша Макрон во писмо до Абас.