282
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека амбасадорот на неговата земја во Нигер – Силвен Ите – е „буквално земен како заложник“ од воената хунта и дека добива само „воени оброци“.
„Во Нигер, додека ви зборувам, имаме амбасадор и дипломатски персонал кои буквално се земени како заложници во француската амбасада“, рече Макрон за време на посетата на Сејмур-ан-Осоа, источна Франција.
„Тие ги спречуваат да добијат храна. Тој (амбасадорот) јаде воени оброци“, додаде францускиот претседател.
Војската го собори претседателот Мохамед Базум и ја презеде власта во Нигер на 26 јули.