Макрон: Франција ќе издвои две милијарди долари за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Франција годинава ќе ја зголеми вкупната финансиска помош за Украина од 1,7 милијарди на две милијарди долари, изјави претседателот на оваа земја Емануел Макрон во видео обраќањето на меѓународната донаторска конференција во Варшава.

„Хуманитарната помош за населението и економската ситуација во земјата поради уништувањето на цивилната инфраструктура бараат нов напор на меѓународната заедница“, рече Макрон, пренесува „Ројтерс“.

Целта на конференцијата е да ѝ се пружи помош на Украина, која се соочува со економски и хуманитарни последици од конфликтот со Русија, а домаќини на конференцијата се Полска и Шведска во соработка со претседателите на Европската комисија и Советот на Европа, пренесува „Ројтерс“.