Макрон: Франција ќе ѝ помогне на Украина да го одбрани својот суверенитет

од Nikola Popovski
248 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека во телефонски разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски ја потврдил решеноста на Париз да ѝ помогне на Украина да го зачува својот суверенитет и територијален интегритет.

Макрон рече дека се согласил со Зеленски за потребата од продолжување на преговорите во нормандискиот формат за источна Украина, со посредство на Франција и Германија.

Францускиот претседател додаде дека во наредните денови ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, а на 15 декември ќе има нова средба со Зеленски во Брисел.

Зеленски, исто така, рече дека разговарал со претседателот Макрон за начините за деблокирање на мировните преговори за конфликтот во источна Украина.

„Заедно ги договоривме следните чекори. „Разговаравме за заканите за енергетската безбедност на Украина, за диверзификацијата на енергетските ресурси“, напиша Зеленски на Твитер.