142
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека лидерите на Г-20 се согласиле да ја „притиснат“ Русија да го деескалира конфликтот во Украина и изрази надеж дека Кина може да одигра поголема посредничка улога во наредните месеци.
„Убеден сум дека Кина може да одигра поважна посредничка улога во наредните месеци за да спречи помоќни копнени напади на почетокот на февруари“, рече Макрон на прес-конференцијата по самитот на Г-20 во Бали, Индонезија, пренесе „Ројтерс“.
Франција, заедно со западните партнери, неколку месеци се обидуваше да ги убеди земјите кои отворено не ја критикуваа Русија за нејзината инвазија на Украина, да заземат поостар став и да ја охрабрат Русија да го промени курсот.