Макрон гаѓан со домати додека разговараше со граѓаните (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Незадоволни граѓани фрлаа домати кон реизбраниот претседател на Франција, Емануел Макрон, за време на неговата посета на Сержи во Париз.

Инцидентот се случил додека Макрон разговарал со граѓаните.

Како што може да се види на видеото, неколку парчиња домати полетале кон Макрон, поради што неговото обезбедување веднаш направи заштитен чадор.

Францускиот претседател беше гаѓан со јајца во Лион минатата година, а тој по инцидентот изјави дека доколку некој има нешто да му каже, нека го контактира.