Макрон го критикуваше „ловот“ кој се води по актерот Жерар Депардје

од Stefanija Kuzmanovska
256 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон застана на страната на филмската ѕвезда Жерар Депардје и се спротивстави на, како што го нарече, „ловот“ кој се води по него.

Тој се огради од барањето на француската влада да му го одземе на актерот највисокото одликување на Франција, медалот Легија на честа, по обвинувањата за сексизам и сексуален напад, пренесува „Политико“.

„Јас сум голем обожавател на Жерар Депардје, тој е одличен актер. Тој помогна светот да се запознае со нашите големи писатели, ја прави Франција горда“, рече лидерот на Франција за време на интервјуто за ТВ каналот Франс 5.

Слични содржини