Макрон го назначи Мишел Барние за нов премиер

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го назначи поранешниот еврокомесар Мишел Барние за нов премиер.

Макрон побарал од Барние, поранешниот француски министер за надворешни работи и преговарач на ЕУ за Брегзит, „да формира влада на национално единство во служба на земјата“, јавуваат француските медиуми.

Пред именувањето, Макрон се погрижил Барние целосно да ги исполни условите за стабилност и национално единство, пренесе „Паризиен“.

„Именувањето следеше по, без преседан, циклус на консултации во кои претседателот, согласно неговата уставна должност, се погрижи премиерот и идната влада да ги исполнат условите за најголема можна стабилност и да овозможат да постигнат што е можно пошироко единство. “, објави Елисејската палата.

Слични содржини