Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го осуди Азербејџан за преземање воена акција во Нагорно Карабах.
Во обраќањето на самитот на европската политичка заедница во Гранада, Шпанија, Макрон изјави дека ставот на француската влада е правилен, без разлика што Баку ја смета за пристрасна во корист на Ерменија, пренесе Ројтерс.
„Франција нема проблем со Азербејџан, но се чини дека Азербејџан има проблем со меѓународното право“, рече Макрон.