Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го предупреди својот руски колега Владимир Путин дека поддршката на Франција за Украина нема да „ослабне“ и дека не треба да се смета на „заморот на Европјаните“.
„Две години војна. Погодена и со лузни, но сè уште стои. Украина се бори за себе, за своите идеали, за нашата Европа. Нашата посветеност на нејзината страна нема да ослабне“, напиша Макрон во пораката објавена од Елисејската палата на социјалната мрежа Х по повод втората годишнина од руската инвазија.
Русија на претседателот Путин не смее да смета на никаков замор меѓу Европјаните, предупредува француското претседателство во соопштението.
„Исходот од оваа војна ќе биде одлучувачки за европските интереси, вредности и безбедност. Франција е и ќе остане со Украина и со украинскиот народ“, се додава во соопштението на Елисејската палата.