Макрон го забрза зголемувањето на воениот буџет на Франција

од desk2
7 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека Франција ќе го зголеми својот буџет за одбраната побрзо од првично планираното, а објави и дополнителни расходи од 3,5 милијарди евра во 2026 година и 3 милијарди евра во 2027 година, на фонот на воената закана од Русија, јавија светските новински агенции.

Со тоа, Франција би требало да предничи или барем да биде во врвот на групата НАТО земји што најбргу ќе ја постигнат целта зацртана на последниот самит на НАТО 5% од вкупниот буџет до 2030 година.

„Соодветно на тоа, во 2027 година ќе потрошиме 64 милијарди евра за нашата одбрана. Тоа е двапати повеќе од буџетот со кој вооружените сили располагаа во 2017 година“, порача Макрон во традиционалното обраќање до вооружените сили пред националниот празник на Франција – Денот на Бастиља.

Слични содржини