Макрон и Путин: Потребно е смирување на миграциската криза на полско-белоруската граница

од Milan1
162 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин се согласија за потребата од деескалација на мигрантската криза на полско-белоруската граница, иако тие, исто така, не се согласуваат за нејзините причини, изјави денеска француски официјален претставник.

-Целта на овој телефонски повик беше да се стави крај на кризата, изјави советник на Макрон по телефонскиот разговор, што траеше час и 45 минути, а беше на иницијатива на францускиот претседател.

„По прашањето на миграцијата, иако не се согласуваме за причината за актуелната криза на белоруската граница, Владимир Путин му кажа на претседателот дека ја разбира потребата да се стави крај, пред се поради човечкото достоинство на инструментализираните мигранти“, додаде советникот.

Кремљ соопшти дека Путин повторил дека европските лидери треба директно да разговараат за ова прашање со белорускиот претседател Александар Лукашенко. Во повикот тој го критикуваше и третманот на мигрантите од полските безбедносни сили на границата.