Францускиот претседател Емануел Макрон денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, по одлуката на Русија да ја нападне Украина.
Според агенцијата Франс прес, Макрон го повикал веднаш да ја прекине воената операција во Украина.
Во текот на разговорот Путин детално му ги објаснил причините поради кои решил да започне акција во Украина.
Кремљ соопшти дека повикот бил инициран од Макрон, а двајцата претседатели се согласиле да останат во контакт.
Да потсетиме, Макрон во последните недели вложи напори да се обиде да ја спречи руската инвазија на Украина преку дипломатија, а неодамна го посети Путин во Москва, како и Зеленски во Киев.