Макрон им даде ултиматум на муслиманите

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика муслиманските лидери во земјата да изготват еден вид повелба за вредности што ќе ја почитуваат во иднина, што го дефинира исламот како аполитичка религија.

Според Би-Би-Си, во средата, на состанокот со исламските лидери, тој му дал на францускиот совет на муслиманската вера рок од 15 дена да прифати повелба што вели дека исламот е религија, а не политичко движење.

Исто така, треба да се наведе дека е забрането „мешање на странство“ во муслимански групи во Франција, како и обврска за „почитување на вредностите на Републиката“.

Францускиот претседател предложи и формирање на национален совет на имами.

Макрон најави и нови мерки за борба против, како што постојано изјавуваше, „исламистички сепаратизам“ во Франција.