Макрон: Изборите во Франција се како во САД, кога Американците го избраа Трамп

од Берта Китинска
204 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон го спореди претстојниот втор круг од претседателските избори во таа земја со изборите во САД, кога граѓаните го избраа Доналд Трамп и предупреди дека неговото актуелно лидерство на анкетите не е гаранција за победа.

„Следниот ден се разбудија со мамурлак“, изјави Макрон за BFMTV, додавајќи дека ситуацијата во Франција е многу слична, бидејќи вклучува фундаментален избор на насоката на земјата, пренесе Ројтерс.

Тој исто така посочи дека агенцијата за истражување на јавното мислење не била во можност да го предвиди исходот од изборите во САД или референдумот за Брегзит во 2016 година.