195
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го поддржа автономниот статус на Корзика „во рамките на Француската Република“, но предупреди дека сите пренесени овластувања за медитеранскиот остров мора да се договорат со француската држава, а не „против“ неа.
Обраќајќи се пред Собранието на Корзика за време на патувањето во Ајачио, Макрон рече дека е време да се „изгради автономија на Корзика во рамките на Републиката“ и го нарече потегот „историски“.
„Мораме да одиме напред, а за да го направиме тоа мораме да ја вклучиме Корзика во нашиот устав“, рече тој на собранието во кое доминираа корзиканските националисти, од кои повеќето се залагаат за независност од Франција, пренесе Франс 24.