Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја повика Индија да го поддржи прекинот на воените напади врз цивилите и инфраструктурата во војната меѓу Русија и Украина, по средбата со премиерот Нарендра Моди, објави АФП.
Во Мумбај, Макрон го повика Моди да „поддржи воспоставување на итен и траен мораториум за напади врз цивили и цивилна инфраструктура“.
Њу Делхи и Москва имаат долгогодишни врски.
Руските и украинските преговарачи денес водат разговори во Женева, со посредство на САД, за прекин на четиригодишната војна.
Само неколку часа претходно, руските бомбардирања ја погодија енергетската инфраструктура во неколку региони на Украина.