Макрон ќе именува нов премиер во наредните денови

Бајру, кој побара гласање за доверба, денес поднесе оставка, изјави за Ројтерс кабинетот на премиерот

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Гардијан

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе именува нов премиер во наредните денови, соопшти француската претседателска палата. Претходно, францускиот парламент во понеделник ја отфрли довербата на францускиот премиер Франсоа Бајру.

Бајру, кој побара гласање за доверба, денес поднесе оставка, изјави за Ројтерс кабинетот на премиерот.

Францускиот премиер побара гласање за доверба пред две недели за да ја потврди легитимноста на неговиот буџетски план.

Како што објави „Ле Фигаро“, 364 пратеници гласаа против, 194 за, додека 25 беа воздржани.

„Националното собрание не го одобри излагањето за општите насоки на политиката на владата. Премиерот мора да ја поднесе својата оставка до претседателот на Републиката“, изјави претседателката на Националното собрание, Јаел Брон-Пиве.

По падот на Бајру, францускиот претседател е принуден да го бара својот четврти премиер во изминатите 12 месеци.