Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека со задоволство би прифатил да се вакцинира против Ковид со вакцината Оксфорд / АстраЗенека доколку биде во понудата кога ќе дојде неговиот ред.
– Со оглед на најновите научни студии, докажана е ефикасноста на вакцината АстраЗенека. Ќе дојде мојот ред, но имам време. Ако станува збор за вакцина што ќе ми биде понудена, секако ќе ја земам – им рече Макрон на новинарите по виртуелниот самит на Европската унија, пренесе Ројтерс.
Макрон предизвика зачуденост во Велика Британија, откако претходно оваа година рече дека вакцината работи „квази-неефикасно“ меѓу постарите од 65 години, потсетува Ројтерс.