Макрон кон Курти: Што може Косово да и понуди на Србија во замена за признавање?

од Vladimir Zorba

Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон го прашал „што може Косово да даде во замена за признавање на Србија“ и дека тој го замолил Макрон „да го поврзе признавањето со членството во ОН“.

Во интервју за „Монд“, чии делови ги пренесува печатот во Приштина, Курти рече дека разговарал со Макрон за билатерални прашања од областа на безбедноста, културата и франкофонијата, пренесува РТС.

Тој изјави дека француската влада е скептична во однос на визната либерализација за народот на Косово.

„Париз останува скептичен. Се надевам дека оваа посета ќе помогне да се надмине скептицизмот на француската држава“, рече Курти, додавајќи дека на дипломатско ниво, тој „побарал од претседателот Макрон да го поврзе идното признавање на Србија со место на Косово во Обединетите нации“.

„Бидејќи овие две прашања, според мое мислење, не треба да се раздвојуваат. Г-дин Макрон ме праша што е подготвено Косово да и обезбеди на Србија во замена за признавање, но вистинското прашање е: „Кога би била Србија подготвена да го признае Косово?“ Верувам дека треба да престанеме да користиме тактики за секогаш да и даваме повеќе на Србија и никогаш да не бидеме задоволни од размената“, рече Курти.

Слични содржини