237
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не ја исклучува посетата на Русија, но дека мора да се создадат услови за тоа.
– За да одиме во Русија мора да се создадат предуслови, но ништо не исклучувам – изјави Макрон во интервју за телевизијата ТФ1, одговарајќи на прашањето дали планира да ја посети Москва, пренесува „РИА Новости“.
Францускиот лидер во четвртокот изјави дека се уште не планира телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, но и дека не исклучува таква можност во иднина.