Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека планира во наредните денови да оствари нови телефонски разговори со рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Вoлoдимир Зеленски.
„Во наредните денови повторно ќе разговарам по телефон со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин“, изјави Макрон, кој моментално се кандидира за втор претседателски мандат, за ТВ Франс 2.
Тој на 7 февруари ја посети Москва на разговори со Путин, а следниот ден францускиот лидер беше во Киев, каде имаше средба со Зеленски.