Макрон: Најверојатно е извршено воено злосторство во Буча

од Nikola Popovski
209 прегледи

Убиствата, кои наводно се случиле во украинскиот град Буча, „најверојатно се воено злосторство“, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

„Таму најверојатно е извршено воено злосторство“, рече Макрон, пренесува Ројтерс.

Украина и многу други западни земји ја обвинуваат Русија за убиство на неколку стотици цивили за време на окупацијата на Буча.

Русија го негира ова и сето ова го нарекува „украинска провокација“, наведува Ројтерс.