Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговата земја не сака светска војна.
„Ние не сакаме светска војна“, напиша Макрон на Твитер.
Тој додаде дека Париз и помага на Украина да се одбрани „на нејзина територија“, но не и да ја нападне Русија.
Макрон оцени дека рускиот претседател Владимир Путин мора да ја прекине војната и да го почитува територијалниот интегритет на Украина.