Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека нема да поднесе оставка без оглед на исходот од претстојните парламентарни избори во Франција.
Макрон, кој најави распишување парламентарни избори по тешкиот пораз на неговата партија Преродба на изборите за Европскиот парламент во Франција и победата на крајнодесничарската партија Национален собир, рече дека „не е Националниот собор тој што го пишува Уставот”.
„Институциите се јасни, како и ставот на претседателот без разлика на резултатот“, рече Макрон за француски Фигаро, а пренесува Политико.