Макрон: Нереално е да се преговара за членство во ЕУ со земја во војна

од Nikola Popovski
247 прегледи

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека не смета оти сега е можно да се започне процедурата за пристапување на Украина во Европската унија.

„Тоа вечерва ќе биде разгледано. Како што знаете, три земји – Украина, Молдавија и Грузија поднесоа официјални апликации за влез во ЕУ. Ќе ги разгледаме вечерва, и тоа е важно. Пред се, мислам дека во овој период е важно да се испрати силен сигнал до Украина и Украинците… но мора да бидеме внимателни. Можеме ли да ја започнеме процедурата за влез во ЕУ со земјата каде што денес се води војната? Не мислам така“, им рече Макрон на новинарите пред самитот на лидерите на ЕУ во Версај.