Францускиот претседател Емануел Макрон донесе посебен закон што ќе ѝ овозможи на државата да работи во отсуство на формален буџет за 2026 година, според Службениот весник објавен денес.
Оваа законодавна алатка, која веќе беше користена минатата година по разрешувањето на владата на Мишел Барние, овозможува привремено финансирање на државата во 2026 година пред да продолжат парламентарните дебати за законот за финансии во јануари, според француската телевизија BFM.
Францускиот парламент претходно донесе посебен закон што ќе ѝ овозможи на државата да работи додека парламентот не го одобри буџетот за 2026 година.