Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека се неопходни „нови разговори“ со Украина и дека е време за „јасни политички сигнали“. Макрон не ја потврди посетата на Киев најавена од некои медиуми.
„Пред портите на нашата Европска унија се случува невидена геополитичка ситуација“, рече Макрон во воената база на НАТО во Романија, пренесува „Бета-Франс прес“.
Поради сите овие причини, политичкиот контекст и одлуките што ќе треба да ги донесат Европската унија и неколку земји, има оправдувања за нови фундаментални разговори, рече тој.
„Мислам дека сме во моментот кога треба да испратиме јасни политички сигнали, ние Европската унија, во поглед на Украина и украинскиот народ“, кој е во таква ситуација што херојски дава отпор со месеци“, истакна Макрон.
Францускиот претседател синоќа вечерал со француски војници во база недалеку од Црното Море, каде спиел во шатор, а денеска повеќе од еден час разговарал со романскиот претседател Клаус Јоханис.