Францускиот претседател Емануел Макрон се огради од коментарите на американскиот претседател Џозеф Бајден за рускиот претседател Владимир Путин и предупреди на „вербална ескалација на војната во Украина“.
За време на синоќешната посета на Варшава, Бајден изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин е „касап“ и дека „не може да остане на власт“. Сепак, Макрон истакнува дека вербалниот конфликт меѓу двајцата лидери не е она што сега му треба на светот.
„Не би ги користел тие зборови. Мора да се направи сѐ за да се запре ескалацијата на ситуацијата“, изјави францускиот претседател за „Франс 3“.
Тој исто така рече дека својата задача ја гледа „прво кон постигнување прекин на огнот, а потоа целосно повлекување на руските трупи преку дипломатија“.
„Ако сакаме да го направиме тоа, не можеме да ја ескалираме ситуацијата преку зборови или дела“, рече Макрон.