Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ќе ги повлече своите трупи од Мали доколку политичката нестабилност ја сврти земјата кон радикалниот ислам по два воени удари во изминатите девет месеци.
Франција има околу 5.100 војници како дел од операцијата „Бархан“, која се протега во пет земји во регионот Сахел: Буркина Фасо, Чад, Мали, Мавританија и Нигер. Мисијата, со седиште во Чад, беше лансирана во 2013 година, откако Франција интервенираше напредување на џихадистите во Мали.
Франција и ЕУ го осудија „неприфатливиот воен удар“ претходно оваа недела откако беа уапсени привремениот претседател на Мали Бах Ндав и премиерот Моктар Уана.
„Денес има искушение во Мали, но ако се придвижи во насока на радикалниот ислам, ние ќе ја повлечеме армијата“, предупреди Макрон.