Макрон силно ја осуди одлуката анексијата на четири украински региони од страна на Русија

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Франција им се придружи на земјите кои ја осудија анексијата на четири региони на Украина од страна на Русија.

Во соопштението на Елисејската палата се наведува дека францускиот претседател Емануел Макрон „остро го осудува“ заземањето на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје.

– Силно ја осудувам руската нелегална анексија на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон. Ова е сериозно кршење на меѓународното право и украинскиот суверенитет – напиша Макрон на Твитер.

Во соопштението чинот е опишан како „сериозно кршење на меѓународното право и суверенитетот на Украина“.

– Франција се спротивставува на овие анексии и стои на страна на Украина со цел да го врати својот целосен суверенитет и целата нејзина територија наспроти руската агресија – додаваат од палатата.

Слични содржини