258
Смртта на Алексеј Навални „ја открива слабоста на Кремљ и страв од кој било противник“, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон по веста дека опозицискиот лидер Алексеј Навални починал во руски затвор.
„Вечерва мислам на неговата сопруга, на неговото семејство, на човекот кој ја отфрли тезата дека повеќе нема храброст“, рече Макрон по потпишувањето на договорот со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Елисејската палата, пренесе Фигаро.
Руската Федерална поправна служба во автономната област Јамало-Ненец денес соопшти дека на Алексеј Навални (47) набргу по прошетката му се слошило и речиси веднаш изгубил свест.