Макрон со важна порака до Путин

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и рече дека не може да се преговара за почитување на човековите права и демократските слободи.

„Осудувањето на Алексеј Навални е неприфатливо. Политичкото несогласување никогаш не е кривично дело. Ние бараме негово итно ослободување“, рече Макрон во изјавата на Твитер, пренесува Ројтерс.

Рускиот суд денеска ја смени условната казна на Навални во три години и шест месеци затвор, која потоа беше намалена на две години и осум месеци поради периодот што тој претходно го помина во домашен притвор.

Слични содржини