Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека „трајниот“ мир во Украина мора да биде придружен со „силни и веродостојни безбедносни гаранции“, по телефонските разговори со американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски.
„Сакаме цврст и траен мир во Украина. За таа цел, Русија мора да ја прекине својата агресија и тоа мора да биде придружено со силни и веродостојни безбедносни гаранции за Украинците“, напиша Макрон на мрежата Х по состанокот на европските лидери во Париз.
„Во спротивно, постои ризик примирјето да заврши како договорите од Минск“, додаде Макрон.
Тие договори за прекин на огнот од 2014 и 2015 година не ги прекинаа трајно борбите меѓу украинската војска и сепаратистите поддржани од Москва во источна Украина.