Макрон: Трета доза вакцина за постари лица и ранливи

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека на ранливите и постарите луѓе најверојатно ќе им треба трета доза против коронавирусот, што го натера Париз, како и Берлин, да не се откаже од повторна вакцинација и покрај предупредувањето на Светската здравствена организација.

„Веројатно ќе биде потребна трета доза, не за сите веднаш, туку за најранливите и најстарите во секој случај“, рече Макрон.

Владата се обидува да ја забрза програмата за вакцинација бидејќи земјата се соочува со четвртиот бран на коронавирус и улични протести против ковид-политиката. Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, повика да се почека на повторна вакцинација барем до крајот на септември.

Германија и Франција ќе продолжат да го вакцинираат населението од септември, игнорирајќи го повикот на СЗО да почека додека не се вакцинираат повеќе луѓе во светот. Германија има намера да започне со вакцинација на пациенти со нарушен имунолошки систем, стари лица и жители на домови за стари лица со трета доза од почетокот на септември, објави Министерството за здравство.

Богатите земји администрираа околу 50 дози на 100 луѓе во мај, и тој број двојно се зголеми од тогаш, според СЗО. Но, сиромашните земји беа во можност да администрираат само 1,5 дози на 100 луѓе поради недостаток на резерви за вакцини.

„Ја разбирам грижата на сите влади да го заштитат своето население од делта-варијантата. Но, не можеме да дозволиме земјите, кои веќе ги потрошиле повеќето глобални залихи на вакцини, да ги користат уште повеќе“, рече Тедрос.

Германија ги отфрли обвинувањата и објави дека ќе донира најмалку 30 милиони дози од вакцината за сиромашните земји. Франција и Германија досега вакцинирале 64,5 проценти и 62 проценти од населението со барем една доза, додека 49 проценти од Французите и 53 проценти од Германците се целосно вакцинирани.

Слични содржини