Макрон: Вакцинацијата во ЕУ побавна и побезбедна отколку во Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska
186 прегледи

Претседателот на Франција, Емануел Макрон и другите лидери на ЕУ не се губитници поради побрзата имплементација на имунизацијата во Велика Британија, туку во ЕУ вакцинацијата се изведува на прилагоден, побезбеден начин, беше објавено денеска од Елисејската палата.

Вакцинацијата во Велика Британија се оддалечи од ЕУ бидејќи вакцината на „АстраЗенека“ претходно беше одобрена во Велика Британија, пренесува „Ројтерс“.

Сомнежите на Макрон за ефикасноста на вакцината на „АстраЗенека“ кај популацијата постара од 65 години во Велика Британија предизвика негодување, бидејќи вакцината ја примиле и лица постари од 65 години.

ЕУ спроведе посложена постапка за одобрување вакцини, а „АстраЗенека“ минатата недела доби дозвола, додека Велика Британија ја одобри вакцината по итна постапка.

„Имајте на ум дека Борис Џонсон очигледно ги искористи овие аргументи за да ја потврди исправноста на одлуката Велика Британија да ја напушти ЕУ и тој има право на тоа“, рече еден советник на претседателот Макрон, пренесува Танјуг.

Слични содржини