Макрон во Киев: Би сакал да им пренесам на Украинците порака за поддршка и европско единство

од Stefanija Kuzmanovska
319 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој утринава пристигна во Киев со германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги, рече дека сака да пренесе „порака за поддршка и европско единство“ до украинскиот народ.

– Јас и моите колеги ќе се сретнеме со украинскиот претседател Владимир Зеленски. Би сакал да им ја пренесам пораката за поддршка и европско единство на Украинците – изјави Макрон по пристигнувањето во Киев, пренесе ТАСС.

Француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона, која пристигна со француската делегација, рече дека „ова е многу важен ден за Украина, Европа и светската стабилност“.

Францускиот државен секретар за европски прашања Клемон Бон по повод посетата на европските лидери изјави дека тие „планираат да разговараат за прашања поврзани со пружањето помош за Украина и можностите за нејзин влез во ЕУ“.

Тој додаде дека „неопходно е да се започнат разговори за Украина да го добие кандидатскиот статус“.

Слични содржини