Макрон: Во моментов не разговараме за руско ембарго на гасот и нафтата

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека во Европската унија се уште не се разговара за ембаргото за увоз на руска енергија.

„Тоа прашање (целосно ембарго за рускиот гас и нафта) може да се стави на маса, но за тоа во моментов не се разговара“, рече Макрон во интервју за „Кориере дела сера“, цитирано од ТАСС.

Нафтата и горивото веќе се погодени од ембаргото, а гасот не, потсети тој и додаде дека „се знае до какви тешкотии може да доведе тоа“.