Макрон: Војната во Украина е воен, економски и стратешки неуспех на Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека војната во Украина, која трае веќе четири години, претставува „троен неуспех“ на Русија - воен, економски и стратешки

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Официјален профил на Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека војната во Украина, која трае веќе четири години, претставува „троен неуспех“ на Русија – воен, економски и стратешки.

„Четири години Европа се буди со звукот на руските бомби во Украина. Четири години агресивна војна избрана од Русија, во очигледно непочитување на меѓународното право, суверенитетот на народите и човечките животи. Четири години погодени градови, уништени училишта и болници, енергетска инфраструктура методично насочена за да се турнат семејствата во студ и терор. Четири години, убиени 15.000 украински цивили. Четири години уништени животи, насилство, силувањa, тортура, воени злосторства и терор. Четири години, илјадници украински деца оттргнати од нивната земја и нивните семејства. Но, четири години Украина цврсто стоеше и се спротивставуваше“, сподели Макрон на социјалната мрежа X, цитиран од „Фигаро“.

Макрон додаде дека Украина е „првата линија на одбрана на Европа“ и потврди дека Франција и европските земји цврсто стојат со неа.

„Исто така, ќе продолжиме да ја таргетираме воената економија на Русија: ќе останеме на курсот со санкции и ќе продолжиме со нашите акции против „флотата во сенка“. До оние кои мислат дека можат да сметаат на нашиот замор: грешат. Ние сме и ќе останеме со Украина“, нагласи францускиот претседател.